Спорт Фудбал

Атлетико последен клуб за Гризман во Европа

Напаѓачот на мадридски Атлетико и репрезентацијата на Франција изјави дека посакува неговиот сегашен клуб да му биде последен во кариерата на тлото на Европа, а во блиска иднина планира да продолжи на некој друг дел од светот.

“Сакам Атлетико да ми биде последен на Стариот континент, а потоа ќе изберам понуда од некои други клубови. Во Атлетико се чувствувам прекрасно и немам потреба да ја менувам средината. Тешко е да се избориш за место во стартната постава бидејќи конкуренцијата е жестока”, изјави Гризман.

Триесет и две годишниот Французин, сезонава одигра вкупно 21 натпревар во сите конкуренции и постигна 14 гола, а договорот со Атлетико важи до 2026 година.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Расел славеше во Австрија, Антонели останува лидер во Формула 1

Sportska Redakcija

 Огура испиша историја во Асен, Мартин нов лидер во Мото ГП

Sportska Redakcija

Ивановски поразен во финалето на М25 турнирот во Загреб

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе