Спорт Фудбал

Македонија во третиот сад пред жрепката за Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Македонија следната година ќе биде дел од Ц лигата на нации и нашиот национален тим во пресрет на жрепката за четирите групи од ова издание ќе се најде во третиот квалитативен сад.

Покрај селекцијата на Македонија во третиот сад се Словачка, Северна Ирска и Кипар. Како носители се поставени Романија, Шведска, Ерменија и Луксембург, а потенцијални противници од вториот сад се Азербејџан, Косово, Бугарија и Фарските острови.

Во последниот четврти сад се сместени Белорусија, Литванија или Гибралтар кои за својот статус ќе се борат преку бараж и репрезентациите на Естонија и Летонија. Жрепката за Лигата на нации ќе се одржи на осми февруари во Париз, а мечевите ќе се играат во периодот од септември до ноември.

Освојувачот на првото место во секоја група ќе биде промовиран во нов член на Б лигата додека второпласираната селекција ќе игра бараж за настап на Светскиот шампионат. Освојувачот на четвртото место се сели во понизок ранг.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе