Спорт Фудбал

Шкупи ја совлада Шкендија и се врати на врвот на табелата

Во дербито од 17. коло во домашниот фудбалски шампионат, Шкупи ја совлада Шкендија со 1:0 и се врати на лидерската позиција на табелата.

Дуелот на стадионот Чаир беше решен во 37. минута кога Кристијан Трапановски успеа да го совлада противничкиот голман и на Шкупи му донесе значајни три бода.

Актуелниот шампион Струга на гостувањето во Кавадарци успеа да направи пресврт и по водството на Тиквеш од 2:0 на крајот славеше со 3:2.

Домаќините поведоа со автоголот на Вангел Згуро уште во шестата минута, а седум минути подоцна Иван Ивановски зголеми на 2:0.

До крајот на првиот дел Стружани преку Марјан Радевски во 37. и 42. минута стигнаа до израмнување, а конечните 3:2 за гостите ги постави Христијан Георгиевски на осум минути пред крајот на натпреварот.

Новиот тренер на Работнички, Гоце Седлоски во третиот натпревар од преземањето на екипата стигна до првата победа, а тимот од Дебар Маало ја совлада АП Брера со 1:0, а победничкиот гол беше дело на Ермедин Адем во 70. минута.

Силекс во последен момент се спаси од пораз во соочувањето со Гостивар. Гостите поведоа во 13. минута со голот на Ланре Кехинде, а во 88. израмни Марко Ѓорѓиевски.

Четири гола беа постигнати во дербито на дното од табелата. Воска Спорт успеа да надополни негатива во мечот со Брегалница и на крајот успеа да освои бод.

Штипјани поведоа со погодокот на Зоран Андонов во седмата минута, десет минути подоцна Роналдо Вебстер зголеми на 2:0, а во втората минута од судиското надополнување Сикиеу Олатинбосун намали на 2:1.

Конечниот резултат го постави Љупчо Трпески со погодокот постигнат во 87. минута.

Вчера во градското дерби Вардар како гостин ја совлада Македонија ЃП со 1:0.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе