Спорт Фудбал

Жрепка за фазата по групи на Евро 2024

Вечерва од 18 часот во Хамбург со жрепка ќе бидат одредени групите за првата фаза од Европското првенство во фудбал кое следната година ќе се одржи во Германија.

На шампионатот ќе партиципираат 24 селекции кои ќе бидат поделени во шест групи по четири, а до овој момент познати се 21 национален тим додека останатите три ќе ги дознаеме по одигрувањето на баражите кои се на програмата во март.

Во првиот сад меѓу носителите се репрезентациите на домаќинот Германија, Португалија, Франција, Шпанија, Белгија и Англија.

Унгарија, Турција, Романија, Данска, Албанија и Австрија се сместени во вториот квалитативен сад, а во третиот се наоѓаат Холандија, Шкотска, Хрватска, Словенија, Словачка и Чешка.

Во четвртиот до овој момент познати се три селекции и тоа актуелниот шампион Италија, Србија и Швајцарија, а останатите три се репрезентациите кои ќе бидат најуспешни во мартовските баражи.

Континенталното првенство ќе се одржи во периодот од 14 јуни до 14 јули, а место во вториот круг обезбедуваат двете првопласирани репрезентации како и најдобрите четири кои го освоиле третото место во групата.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе