Ракомет Спорт

Лазаров го објави поширокиот список на играчи за ЕП во ракомет

Европската ракометна федерација ги објави пошироките списоци на играчи од сите национални тимови кои се дел од континенталниот шампионат што ќе се одржи на почетокот од следната година во Германија.

Секој од селекторите може да смета на најмногу 35 играчи од кои непосредно пред почетокот на шампионатот ќе избере 20 кои ќе бидат во конкуренција за натпреварите од фазата по групи, а во пресрет на секој дуел од овој сегмент ќе пријави 16 ракометари.

На списокот на македонската селекција се наоѓаат 35 играчи, а покрај стандардните кои се дел од мечевите во последниов период се наоѓаат уште Димитар Димитриоски, кој го носи дресот на Валјадолид, ветеранот Гоце Ојлески, Мартин Поповски како и неколку млади ракометари како што е 18 годишниот Валентин Карасманакис, една година помладиот Николас Најденовски и еден од најперспективните голмани кој веќе се докажа во дресот на вицешампионот Алкалоид, Иван Галевски.

Македонија во првата фаза од Европското првенство е во група со домаќинот Германија, Франција и Швајцарија.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Серџо Консеисао е главен фаворит да биде нов тренер на Милан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе