Ракомет Спорт

Почнува женскиот ракометен Мундијал

Со натпреварите од Ц и Г групата денеска се отвора Светскиот шампионат во ракомет во женска конкуренција што ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.

За прв пат во историјата три земји се домаќини на Мундијалот на кој исто така за прв пат ќе партиципираат 32 национални тима од сите делови на планетава.

На шампионатот нема ниту еден дебитант, а меѓу учесниците рекордер по бројот на настапи е Романија која по 26. пат е дел Светските првенства. Две учества помалку има Унгарија, а 22-то учество го бележат најтрофејната нација во историјата Норвешка како и репрезентацијата на Данска.

Три селекции по втор пат се дел од светската женска ракометна елита. По настапот во 2001 и  2021 година ново мундијалско учество бележат Гренланд и Иран, Сенегал беше дел од Светското првенство во 2019-тата, а Чиле дебитираше во една деценија претходно. Вториот настап на шампионатите го бележи и Исланд кој меѓу елитата се враќа по пауза од 12 години.

Титулата од пред две години ја брани Норвешка која во финалето ја совлада Франција додека со бронзата се закити Данска по триумфот над домаќинот Шпанија.

Денеска на програмата се четири средби. Од 18 часот се играат дуелите Бразил – Украина и Јужна Кореа – Австрија додека за 20 и 30 закажан е почетокот на натпреварите Норвешка – Гренланд и Шпанија – Казахстан.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Серџо Консеисао е главен фаворит да биде нов тренер на Милан

Дејан Дејан

Озимен во Челси, Лукаку во Наполи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе