Спорт Фудбал

Елмас и Наполи гостуваат кај „кралот“: Победа во Мадрид ги носи Италијанците во осминафинале во ЛШ

По синоќешните натпревари во Лигата на шампиони, Барселона, Борусија Дортмунд, Лацио и Атлетико Мадрид обезбедија пласман во елиминациите. Вечерва тоа можат да го направат уште три тима, Арсенал, Наполи и ПСВ Ајндховен.

Манчестер јунајтед има пеколно гостувањето во Истанбул кај Галатасарај. Момците на менаџерот Ерик тен Хаг мораат да победат за да останат во конкуренција за место во нокаут рундата. Англичаните се последни со само три бода во групата, па пораз денеска ќе значи и крај на сите надежи за второто место.  Баерн кој е веќе пласиран на првоот место во групата А го пречекува Копенхаген во обид да остане со перфектен скор.

Во групата Б, Арсенал на свој терен го пречекува Ленс и со победа ќе го потврди првото место и пласманот во осминафиналето. И ПСВ може да мине понатаму уште вечерва и тоа со победа против Севилја на гости и секако со пораз на Ленс кај Арсенал.

Наполи предводен од новиот тренер Валтер Мацари вечерва гостува кај Реал Мадрид, кој веќе го потврди пласманот во нокаут рундата од групата Ц. Италијанскиот шампион за кој игра македонскиот репрезентативец Елиф Елмас може да обезбеди пласман понатаму уште вечерва ако освои три бода на „Сантијаго Бернабеу“, но ќе му одговара и реми, ако Брага не го победи Унион Берлин пред своите гледачи.

Во групата Д, Интер и Реал Сосиедад се во осминафиналето, но во последните две кола ќе одлучуваат, кој ќе биде прв, а кој втор. Интер вечерва гостува кај Бенфика, а Сосиедад го пречекува Салцбург.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе