Ракомет Спорт

Ангеловски: Секој натпревар во ЛШ за нас е нова приказна

Еурофарм Пелистер во четврток гостува кај Киелце во рамки на 9.коло во ракометната Лига на шампиони на ЕХФ. Македонскиот првак и натаму е без бодови во елитата, но тренерот Бранислав Ангеловски смета дека играта се подобрува. Противник е еден од најдобрите тимови во Европа предводен од Таулант Душебаев.
„Екипата на Киелце е составена од голем број на индивидуалци, кои прават огромна слика на колективна игра“, изјави Ангеловски на прес-конференцијата пред натпреварот.

„Предводени се од еден од најдобрите тренери во светот. Посебна мотивација за Киелце не треба да имаме, бидејќи во Лигата на шампионите за нас секој натпревар мотивира. За нас секој противник е еднаков на европски шампион. Самиот факт дека парираме во одреден дел од натпреварот за нас е успех. Ни фали нешто што со пари не можеме да го купиме, а тоа е времето. Сигурен сум дека овие натпревари ќе донесат искуство за моите ракометари и во понатамошниот дел на сезоната ќе играме на повисоко ниво и ќе ја радуваат нашата јавност и верните симпатизери.

На првиот натпревар во Битола се обидовме да се прилагодиме на нивната агресивна игра. Во првиот момент беа агресивни, посебно на позициите 2 и 5 и затоа инсистирав на игра „седум на шест“ за да ги спуштиме нивните халфови. Секој натпревар е нова приказна, ќе видиме како ќе отвориме и потоа како ќе играме.

Против ПИК Сегед не бев фокусиран на играта на сите противнички ракометари. Бев фокусиран на Мацковшек, на Мартинс, на Бомбач, на Бодо, но на крај играч кој е трет ешалон дојде да решава во игра „седум на шест“. Во овие европски гиганти на секоја позиција играат ракометари од светска класа. Очекувам дека Киелце ќе игра во најсилен состав, ќе играат и Алекс Душебаев и Сичко и ќе бидат најдобриот тим. Да не заборавиме дека на голот се враќа Волф“, вели предводникот на битолчани.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Серџо Консеисао е главен фаворит да биде нов тренер на Милан

Дејан Дејан

Озимен во Челси, Лукаку во Наполи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе