Кошарка Спорт

Џејмс ги водеше Лејкерс до триумф над Хјустон: Порази за Далас и Денвер

Леброн Џејмс и на 38 години и натаму е еден од најдобрите кошаркари на денешницата, а тоа го докажа уште еднаш утринава во победата на Лос Анџелес лејкерс против Хјустон од 105-104. Тој постигна 37 поени, а ова беше петтиот натпревар сезонава со 30 или повеќе постигнати поени.

Бостон е во низа од шест победи по ред за да го задржи приматот најдобар тим во досегашниот дел од сезоната, а утринава го совлада Мемфис со 102-100 на гостински паркет. Кристапс Порцингис имаше 26 поени, додека Џејсон Тејтум реализираше 20.

Далас загуби пред своите навивачи од Сакраменто со 113-129. Домантас Сабонис со 32 и Деарон Фокс со 30 ги предводеа Кингс до шестата победа во низа. Лука Дончиќ имаше 25 поени за Маверикс, кои загубија втор натпревар по ред. Загуби и Денвер, кој пак го запиша третиот пораз на последните четири натпревари овој пат од Кливленд со 121-109.

НА ОСТАНАТИТЕ ДУЕЛИ:
Бруклин – Филаделфија 99-121
Торонто – Детроит 142-113
Индијана – Орландо 116-128
Јута – Феникс 137-140
Портланд – Оклахома 91-134

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Арсенал го продава Габриел Жесус, прави место за ѕвезда од Серија А

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе