Спорт Фудбал

ФФМ: Вратите на стадионот се затвораат 30 минути пред почеток на дуелот со Англија

Македонската фудбалска репрезентација утре д 20:45 часот е домаќин на Англија во рамки на последното коло од квалификациите за Европското првенство 2024 година.

Очекувано интересот е голем и распродадени се речиси сите билети за овој фудбалски спектакл. Челниците на Фудбалската федерација на Македонија апелираат до сите навивачи да дојдат на нашиот најголем стадион „Тодор Проески“ во Скопје што е можно порано за да се избегнат гужви на влезовите.

Вратите на стадионот ќе бидат затворени 30 минути пред почетокот на натпреварот.

„Драги навивачи и поддржувачи на македонската фудбалска репрезентација,
Упатуваме порака со фер и коректно навивање да им помогнеме на „Рисовите“ да дојдат до позитивен резултат на утрешниот натпревар против Англија на Националната арена „Тодор Проески“.
Праќаме порака до сите кои ќе го следат натпреварот на Националната арена дека влезовите на стадионот ќе бидат отворени од 18:15 часот до 20:15 часот.
Навременото доаѓање на стадионот ќе биде од корист за сите бидејќи нема да создава метеж пред влезовите на Националната арена“, стои во објавата на ФФМ на социјалните мрежи. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трипл-дабл на Дончиќ: Далас е во финалето на Западната конференција (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Усик е неприкосноен светски шампион во бокс по победата против Фјури (ВИДЕО)

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Шкендија со победа го потврди второто место во првенството

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе