Спорт Фудбал

Македонија поразена на „Олимпико“: Италија овој пат не дозволи изненадување

Македонската фудбалска репрезентација загуби на гостувањето кај Италија во Рим со убедливи 5-2 во рамки на претпоследното коло во квалификациите за Европското првентво 2024 година.

„Аѕруите“ го отворија резултатот во 17.минута кога Матео Дармијан погоди од непосредна близина по еден брзо изведен корнер. Италија доби пенал во 40.минута, кога Никола Серафимов случајно играше со рака во нашиот шенаесетник.

Жоржињо ја презеде одговорноста од белата точка, но нашиот голман Столе Димитриевки упеа да го прочита неговиот обид и да одбрани. Сепак, Италија брзо потоа дојде до втор гол откако Федерико Киеза биеше одлично од далечина и го совлада нашиот голман во 41.минута. Фудбалерот на Јувентус во судиското продолжение на првиот дел погоди и за 3-0.

Македонскиот селектор Благоја Милевски направи три измени на полувремето и тоа веднаш вроди со плод, бидејќи Јани Атанасов погоди со глава во 51.минута по одличниот центаршут на Езгјан Алиоски за 3-1. Истиот фудбалер погоди уште еднаш за 3-2 во 74.минута со удар од далечина, топката го допре Ачерби и го измами Донарума.

Домашната селекција ги разреши сите дилеми околу победникот во натпреварот во 81.минута преку Џакомо Распадори, кој погоди за 4-2. Конечниот резултат 5-2 го постави Стефан ел Шарави во судиското продолжение од натпреварот.

Македонија уште пред овој дуел немаше шанси за пласман на Европското првенство, но Италија во последното коло ќе се бори на гостински терен во меѓусебен дуел со Украина за второто место во групата и „виза“ за континенталниот турнир.

Нашиот тим во понеделник во рамки на последното коло од квалификациите ја пречекува Англија, која уште од претходно е квалификувана и е сигурна на првото место во групата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трипл-дабл на Дончиќ: Далас е во финалето на Западната конференција (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Усик е неприкосноен светски шампион во бокс по победата против Фјури (ВИДЕО)

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Шкендија со победа го потврди второто место во првенството

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе