Кошарка Спорт

Јокиќ и Денвер ја продолжија мизеријата на Клиперс, Лејкер со тројки го уништија Мемфис

Во најсилната кошаркарска лига во светот утринава се играа натпревари од групната фаза за НБА-купот. За потсетување, резултатите се важат и за регуларниот дел од сезоната.

Во најинтересниот натпревар утринава, шампионот Денвер го совлада тимот на Лос Анџелес клиперс со 111-108 и остана перфектен на домашен паркет по седум натпревари. Никола Јокиќ имаше 32 поени, 16 скока и девет асистенции. За Клиперс ова беше петти пораз во низа откако на составот му се приклучи Џејмс Харден, кој постигна 21 поен, но најефикасен беше Пол Џорџ со 35 поени.

Лос Анџелес лејкерс ја запишаа третата победа по ред откако го совладаа Мемфис со 134-107 и тоа благодарение на шутот од далечина. Домашните кошаркари погодија 22 тројки, што е рекорд на тимот во својата историја. Дианџело Расел имаше 24 поени, а Руши Хашимура имаше еден поен помалку за Лејкерс.

Жестоко беше на дуелот помеѓу Голден Стејт и Минесота, што гостите го добија со 101-104. Уште на самиот старт имаше мешаница помеѓу кошаркарите на двете екипи, па кај Вориорс исклучени беа Дрејмонд Грин и Клеј Томсон, додека Тимбервулфс останаа без Џејден Мекданиелс. Карл Ентони Таунс ги водеше гостите до победата со 33 поени.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Шарлот – Мајами 105-111
Детроиот – Атланта 120-126
Филаделфија – Индијана 126-132
Бруклин – Орландо 124-104
Оклахома – Сан Антонио 123-87
Њу Орланс – Далас 131-110
Јута – Портланд 115-99

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе