Спорт Фудбал

ФОТО галерија: Абердин освои бод против ПАОК, Миовски одигра петнаесет минути

Фудбалерите на Абердин на гостувањето против ПАОК успеаа да освојат бод, но тоа не е доволно да се остане во трката за пласман во следната фаза од Конференциската лига на УЕФА.

Шкотскиот состав во Солун иако настапи во комбиниран состав на крајот успеа да одигра 2:2, а нашиот репрезентативец Бојан Миовски во игра влезе во 80. минута бидејќи менаџерот на Абердин, Бери Робсон реши да го одмори првиот избор во нападот и да го чува за неделниот дуел со Селтик.

Абердин на стадионот Тумба поведе со голот на Дук во 14. минута. Девет минути подоцна Таисон израмни на 1:1, а во 67. минута Мбвана Самата му донесе предност на ПАОК од 2:1.

Конечниот резултат го постави Џејми МекГрат на 20 минути пред крајот на натпреварот.

Со ваквиот епилог на средбата Абердин ги загуби сите шанси за влез во елиминациската фаза, а ПАОК заедно со Ајнтрахт Франкфурт ќе се бори за првото место

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трипл-дабл на Дончиќ: Далас е во финалето на Западната конференција (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Усик е неприкосноен светски шампион во бокс по победата против Фјури (ВИДЕО)

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Шкендија со победа го потврди второто место во првенството

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе