Спорт Фудбал

Работнички против Силекс сака да ја прекине серијата порази

Денеска на програмата се шест натпревари од 13. коло во домашниот фудбалски шампионат.

Фудбалерите на Работнички во пресрет на дуелот против Силекс имаат низа од четири порази во последните пет средби и токму на денешниот натпревар со Силекс ќе се обидат да ја прекинат низата и да се извлечат од опасната зона.

Во скоро идентична ситуација е и тимот на АП Брера, која благодарение на добриот старт во шампионатот е на петтото место, но последен пат на победа Струмичани се радуваа на 24 август. Денеска АП Брера и гостува Воска Спорт, а новиот прволигаш по два последователни нерешени резултати ќе се обиде да стигне до четвртиот триумф сезонава.

Во останатите два натпревари што ќе се одиграат попладнево Тиквеш е домаќин на Гостивар, а Брегалница пред своите навивачи во Штип ја пречекува Македонија ЃП.

Двата дерби дуели ќе се играат утре. На стадионот Чаир, Шкупи ќе се соочи со Вардар додека шампионот Струга за противник ја има Шкендија.

Сите натпревари почнуваат во 13 часот.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Андреев и Гавриловиќ најдобри на триатлонот во Скопје

Дејан Дејан

Трипл-дабл на Дончиќ: Далас е во финалето на Западната конференција (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Усик е неприкосноен светски шампион во бокс по победата против Фјури (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе