Спорт Фудбал

Флуминензе атакува на историски успех, Бока се надева на седми трофеј во Либертадорес

Вечерва од 21 часот на стадионот Маракана во Рио де Жанеиро ќе се одигра 64. финалето во елитното фудбалско  клупско натпреварување во Јужна Америка, Копа Либертадорес.

Флуминензе има историска можност за прв пат во 121 годишната историја да го освои престижниот трофеј додека Бока Јуниорс ќе се обиде по осми пат да се искачи на тронот во јужноамериканскиот клупски фудбал.

Шанса да се запише во историјата има и ѕвездата на Флуминензе, Марсело, кој има можност да стане 14. фудбалер што успеал да се радува на трофеј во двете елитни натпреварувања во Европа и Јужна Америка.

Според статистиката предност вечерва да слави има екипата од Буенос Аирес, која четири од шесте пехари ги освоила во соочувања со тимови од Бразил, а во походот кон трофејот биле совладувани Крузеиро, Палмеирас, Сантос и Гремио.

Сепак на страната на Флуминензе е фактот што игра на домашен терен во својот град и на својот стадион и конечно во клупската историја да го донесе големиот трофеј. Во единственото финале одиграно пред 15 години, Флуминензе беше совладан од ЛДУ Кито.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Андреев и Гавриловиќ најдобри на триатлонот во Скопје

Дејан Дејан

Трипл-дабл на Дончиќ: Далас е во финалето на Западната конференција (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Усик е неприкосноен светски шампион во бокс по победата против Фјури (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе