Вести Економија Македонија Топ вести

Компаниите бараат педесетина проценти поскапување на греењето, а РКЕ ќе ги убедува да не биде повеќе од 5%

Регулаторната комисија ги прави последните пресметки околу новата цена на парното. Минимално поскапување ќе има, но колку ќе биде сè уште се одлучува. Првиот регулатор Бислимовски веќе кажа дека не верува дека зголемувањето на цената ќе биде над 5 отсто. Извори за Телма, пак, велат дека можно е да биде нешто над 6 проценти.

Според информациите, компаниите за топлинска енергија барале да им се признаат повисоки трошоци за вработување, но РКЕ ќе се води според бројот на вработени со кои фунцкионирал поранешен БЕГ. Според, анализите на комисијата, ако се прифатата сите барања на фирмите во тој случај цената на греењето би се зголемила за над 50 отсто. Поради инфлацијата тие имаат зголемени трошоци, но РКЕ ќе се обиде да ги убеди дека поскапувањето не треба да биде повисоко од 5 отсто. Дали РКЕ ќе успее во тоа ќе се знае утре кога од комисијата ќе ја објават и новата цена на парното, која треба да важи во текот на целата грејна сезона.

Од комисијата досега неколку пати апелираа да продолжат и субвенциите за топлинска енергија.

Со првичните пресметки кои компаниите ги доставија до РКЕ, дел до нив побараа над 50 отсто зголемување на цената на греењето. Но, поради тоа што одлуката не се доенсе до крајот на јули како што се прави вообичаено, РКЕ деновиве побара нови пресметки од фирмите.

Одлуката за новата цена беше одложена поради низа проблеми, меѓу кои и оној со топловодот, за кој Градот Скопје и ЕСМ со месеци се натегаа кој треба да ја почне работата и да го постави на мостот „Беласица“. Без тој топловод, топлинската енергија од Те-То која е поевтина од онаа на другите топлани нема да може целосно да се користи. Но, откако пред извесно време конечно ЕСМ објави дека почнале да работат, РКЕ реши да почне со пресметки за новата цена.

Инаку, градско парно користата нешто над 60.000 домаќинства. Најмногу приклучени има на ЕСМ или поранешно БЕГ, околу 1.900 на таканареченото железарско парно, а најмалку на Скопје Север, околу 400 домаќинства.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе