Кошарка Спорт

Јокиќ со трипл-дабл против Лејкерс го водеше шампионот Денвер до победа на отворањето на сезоната

Утринава стартуваше новата сезона во НБА-лигата и тоа со две дерби пресметки во Западната конференција. Шампионот Денвер ја почна одбраната на титулата со триумф над Лејкерс, а Феникс како гостин го совлада Голден Стејт.

Денвер уште на стартот поведе со 18 поени предност и го контролираше резултатот до самиот крај а победа против гостите од Лос Анџелес со 119-107. Никола Јокиќ ја отвори сезоната со трипл-дабл, 29 поени, 13 скока и 11 асистенции, а имаше и голема помош од Џамал Мареј со 21 поен и Кентавиус Калдвел Поуп со еден помалку. Во својата 21.сезона во НБА, Леброн Џејмс имаше 21 поен за Лејкерс.

Девин Букер и Кевинд Дурент го предводеа Феникс до победа од 108-104 на гостувањето кај Голден Стејт. Букер имаше 32 поени, додека Дурент запиша 18 поени и 10 скока за Санс. Кај Вориорс, очекувано, најмногу се истакна Стеф Кари со 27 поени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Ливерпул ќе плати 11 милиони евра обештетување за новиот тренер

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе