Ракомет Спорт

Еурофарм Пелистер со нов тренер го пречекува Кјелце

Еурофарм Пелистер вечерва во 20:45 часот го пречекува Кјелце во рамки на 6.коло во Лигата на шампиони. Македонскиот првак има пет порази на претходните пет натпревари, а вечерва на клупата ќе дебитира Бранислав Ангеловски.

Пировата победа против Вардар изминатиот викенд во домашната Суперлига донесе дополнителен немир во редовите на Еурофарм Пелистер. Клубот го разреши тренерот Александар Јовиќ од функцијата, а оставка поднесе тим-менаџерот Ѕвонко Шундовски.

Привремен тренер на битолчани ќе биде досегашниот спортски директор на клубот Бранислав Ангеловски. Поранешниот репрезентативец вечерва ќе го има своето деби на клупата и тоа против гигантот Кјелце. „Пелистерци“ ќе се надеваат на изненадување против полскиот состав, кој сезонава не игра на највисоко ниво и од пет натпревари има две победи, два порази и едно реми во рамки на групата А, доволно само за 6.место, скор што го дели со Загреб и Алборг.

Вечерашниот натпревар во салата „Боро Чурлевски“ во Битола ќе покаже дали смената на клупата ќе придонесе за позитивен шок во екипата за подобри резултати во продолжение од сезоната.

РАКОМЕТ ЛИГА НА ШАМПИОНИ
6.КОЛО

ГРУПА А
АЛБОРГ – КОЛСТАД (18:45 часот)
Е. ПЕЛИСТЕР – КЈЕЛЦЕ (20:45 часот)

ГРУПА Б
МОНПЕЛЈЕ – МАГДЕБУРГ (20:45 часот)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе