Спорт Фудбал

Комити до Арсовска и Славевски: Доколку за 48 часа не постапите и не ја спроведете одлуката, најавуваме радикализација

Навивачката група на најтрофејниот македонски клуб Вардар, побара од водечките луѓе на градот Скопје, претседателот на Советот, Трајко Славевски и градоначалничката Данела Арсовска да ги исплатат финансиските средства кои се наменети за помош на клубот.

Тие во соопштението потенцираат дека парите да бидат исплатени во рок од 48 часа, а во спротивно тие најавија радикализација.

“Упатуваме апел до претседателот на советот на Град Скопје, Трајко Славевски и градоначалничката Данела Арсовска, финансиските средства наменети за ФК Вардар, изгласани едногласно уште на 20.07.2023 да бидат доделени веднаш. Немате повеќе време за чекање!

Вашата пасивност во однос на ФК Вардар и меѓусебното префрлање на одговорноста, се недозволиви. Никогаш нема да прифатиме, било кој да има таков однос кон клубот на народот. Затоа, упатуваме јасно барање – постапете веднаш!

Доколку за 48 часа не постапите и не ја спроведете одлуката, најавуваме радикализација на борбата.

Не дозволувајте да бидете запомнети како луѓе кои свесно или несвесно го саботирале клубот на народот. Не дозволувајте повторно да треба да се огласиме по однос на ова прашање”, се вели во објавата на навивачката група Комити.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе