Ракомет Спорт

Македонските ракометарки ја совладаа Литванија: Пласманот на ЕП 2024 е на дофат

Македонската женска ракометна репрезентација направи голем исчекор кон пласман на Европското првенство идната година по денешната победа на гостувањето кај Литванија со 31-28. Нашиот тим сега има две победи од два натпревари во групата 5.

Македонија го диктираше резултатот и играта речиси цел натпревар, освен почетните 10 минути, кога Литванија имаше минимална предност. По 8-8, нашите девојки го преземаа водството и не го испуштија до крајот. Имавме и +4 пред полувремето, но Литванките со серија од 2-0 се изборија за помала негатива пред паузата од 15-17.

Во второто полувреме, повторно ривалот имаше подобар старт, но само го израмни резултатот. Потоа ја вративме стандардната предност од 2 до 4 голови разлика и со сигурна игра запишавме победа од 28-31.

Сара Ристовска со девет голови беше најефикасна, но фантастичен меч одигра и Андреа Седлоска со осум голови од осум обиди, но исто така погодуваше во најтешките моменти за Македонија. Шест голови имаше Јована Саздовска, а Јована Мицевска на голот запиша осум интервенции. Аусра Арчисевскаја имаше девет голови за Литванија.

Шпанија и Македонија имаат по две победи во првите две кола во групата 5 и се на добар пат кон Европското првенство на кое се пласираат најдобрите две репрезентации од сите осум квалификациски групи, како и четирите најдобро третопласирани селекции.

Во следните две кола играме двомеч со Шпанија, прво на домашен терен на 28 февруари идната година, а три дена подоцна гостуваме. Последните два натпревари се во април, кога прво гостуваме кај Азербејџан, а потоа ја пречекуваме Литванија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе