Спорт Фудбал

Македонија загуби од Украина: Заврши сонот за пласман на ЕП 2024

Македонската фудбалска репрезентација загуби со 2-0 на гостувањето кај Украина на дуелот одигран во Прага и сега е без шанси за пласман на Европското првенство 2024 година во Германија. Нашиот тим одигра храбро, имаше и многу шанси да извлече поволен резултат од овој натпревар, но едноставно немаше реализација.

Украина го почна натпреварот далеку подобро и тоа со две прекрасни шанси на Довбик и Мудрик, но Столе Димитриевски на нашиот гол прекрасно интервенираше во двата наврати. За Македонија првата шанса ја имаше Миовски, но биеше млако во голманот Трубин.

Во 30-тата минута, Јани Атанасов имаше лош прием на 20 метри од голот, па Судаков биеше од далечина, топката го допре Серафимов и заврши во голот на Димитриевски за 1-0 за Украина.

Нашиот тим потоа сериозно нападна и имаше серија одлични шанси. Прво преку Миовски, па зицер имаше Ашковски, а до крајот на полувремето се заканија и Барди и Елмас.

На стартот на вториот дел ја имавме и најзрелата шанса за погодок преку нововлезениот Чурлинов, но голманот Трубин интервенираше и топката мина над голот. Во продолжението иако имавме посед на топката, изостанаа шансите.

Украинците имаа две пречки, во втората ситуација Димитриевски одбрани, кој му фати и зицер на Мудрик. Сепак нашиот голман иако имаше фантастичен меч, во судиското продолжение прими гол за 2-0 од речиси половина терен. Стрелец за Украинците во 95.минута беше Караваев.

Со овој пораз Македонија математички не може да стигне барем до второто место во групата Ц што води на Европското првенство.

Во следното коло, Македонија е слободна во квалификациите, па затоа во вторник играме пријателски натпревар со Ерменија во Струмица. На 17 ноември гостуваме кај Италија, додека во последното коло три дена подоцна во Скопје ја пречекуваме Англија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Серџо Консеисао е главен фаворит да биде нов тренер на Милан

Дејан Дејан

Озимен во Челси, Лукаку во Наполи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе