Вести Македонија Топ вести

МНР: Деветтемина велешани кои беа евакуирани од Тел Авив се вратија дома

Деветмината македонски државјани од Велес кои беа затекнати во Тел Авив за време на нападите на Хамас врз Израел веќе се безбедно вратени назад во Македонија, брифираат извори од МНР за Телма. Тие доцна синоќа ја напуштиле Тирана со комбе откако претходно пристигнаа таму со помош специјалниот лет на Владата на Албанија.

Станува збор за само еден дел од македонските државјани пријавени за евакуација од Израел, преку отворените канали на македонското Министерство за надворешни работи. Досега, официјалните информации велат дека седум македонски државјани кои туристички престојувале во Витлеем, успешно ја минале границата со Јордан и сега се на безбедно.  За неколку дена ќе се упатат кон Македонија.

Четиричлено семејство, пак, кои биле во Тел Авив преку комерцијален лет се упатиле кон Истанбул, од каде што продолжува нивното патување кон Македонија.

Министерството за надворешни работи формираше Кризен штаб за полесно да се координираат активностите за евакуација. Според проценките, досега 100 до 200 македонски државјани се пријавиле дека престојуваат во загрозените подрачја.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Узунов: Секој буџет е нереален во декември кога се носи, на средина на годината мораме да имаме ребаланс

Sasko Dimovski

Митевски: Капиталните и сите други расходи кои не се трансфери и плати ќе бидат опфатени со ребалансот на буџетот

Sasko Dimovski

Ѓорѓиоски и Сејдини одобриле и потпишале 728 налози, се сомничат за финансиски криминал во ФФМ од близу три милиони евра – во шемата и раководителката на Одделението за финансии

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе