Спорт Фудбал

Милевски го објави списокот: Без Несторовски, Доријан Бабунски и Велковски, се враќа Чурлинов

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски денеска го објави списокот со 25 фудбалери повикани за квалификацискиот натпревар со Украина за пласман на Европското првенство, како и за пријателскиот дуел со Ерменија. Од тимот ќе отсуствуваат неколку имиња кои во минатото беа стандардни во националниот тим. 

Милевски за овие октомвриски натпревари нема да смета на искусниот голгетер Илија Несторовски, како и на Дарко Велковски кој сѐ уште нема клуб. На списокот го нема ниту напаѓачот Доријан Бабунски, како и Давор Здравковски, кој на изминатите неколку собири добиваше повик. Стоперот Ѓоко Зајков е повреден, а во тимот се враќа Дарко Чурлинов, кој долго отсуствуваше поради здравствени проблеми. Тука повторно е и Ваљон Етеми, како и Тодор Тодоровски. 

Тимот очекувано ќе го предводат голманот Столе Димитриевски, потоа капитенот Енис Барди, Елиф Елмас, Аријан Адеми, Езгјан Алиоски, Бојан Миовски, Александар Трајковски и уште неколкумина стандардни фудбалери. 

Македонија на 14 откомври ѝ гостува на Украина во Прага во рамки на квалификациите за ЕП 2024, додека три дена подоцна во Струмица ја пречекуваме Ерменија на пријателски натпревар. 

Првиот собир на репрезентацијата е закажан за идниот понеделник на 9 октомври во Скопје. 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Озимен во Челси, Лукаку во Наполи

Дејан Дејан

Лопетеги ќе го наследи Дејвид Мојс на клупата на Вест Хем

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе