Вести Економија Свет

Економско-монетарниот комитет на ЕП го поддржа изборот на Клаудија Бух за нов шеф НО на ЕЦБ 

Комитетот за економски и монетарни прашања на Европскиот парламент денеска ја поддржа номинацијата на вицегувернерката на германската централна Бундесбанка, Клаудија Бух за нов претседател на Надзорниот одбор со Европската централна банка (ЕЦБ).

На тајното гласање на членовите на Комитетот, Бух доби 29 гласа, а нејзината противкандидатка, вицегувернерката на Банката на Шпанија, Маргарита Делгадо – 23. Двајца членови на Комитетот се воздржаа од гласање.

Комитетот првично беше повеќе наклонет за избор на Делгадо сметајќи дека е „поискусна и построга“ и посоодветен кандидат од Бух, но поддршката на ЕЦБ и на големите политички групации во ЕП за Германката, резултираше со денешниот исход на гласањето.

Евентуалниот избор на Бух, ќе ги зголеми шансите на сонародничката на Делгадо, шпанската прва вицепремиерка и министерка за економски прашања и дигитална трансформација Надија Калвињо во трката за нов претседател на Европската инвестициска банка (ЕИБ).

Главен противкандидат на Калвињо за шефица на ЕИБ е еврокомесарката за конкурентност Маргрете Вестагер, која на почетокот на месецов својата функција во Европската комисија ја стави во мирување, додека трае постапката за избор на прв човек на Банката.

Досега се очекуваше постапката за избор на претседател на ЕИБ да биде завршена, но неизјаснувањето на Франција околу изборот, како и поделбите во германската коалициска Влада по ова прашање, го одолговлече целиот процес.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД се длабоко загрижени поради законот за „странски агенти“ на Грузија

Дејан Дејан

Украински проектил погоди ресторан во Доњецк под руска контрола, тројца загинати

Дејан Дејан

Севернокорејска хакерска група украла лични податоци од судот во Сеул

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе