Спорт Фудбал

Нејмар го надмина Пеле како најдобар стрелец во историјата на Бразил (ВИДЕО)

Бразил славеше убедлива победа од 5-1 против Боливија во првото коло од јужноамериканските квалификации за Светското првенство во 2026 година, а Нејмар испиша нова историја за својата репрезентација.

На Нејмар можеби клупската кариера не му оди во најдобра насока, но затоа во дресот на националниот тим и натаму е лидер. „Кариоките“ ја демолираа Боливија со 5-1, а Нејмар ги постигна последните два гола со што успеа да го сруши рекордот на легендарниот Пеле. Ѕвездата на садуискиот тим Ал Ахли сега има 79 голови за својата репрезентација и официјало е најдобриот стрелец во историјата. Пеле кој почина на 82-годишна возраст во декември, постигна 77 голови на 92 настапи за Бразил.

На Нејмар му беа потребни 125 натпревари за да стигне до 79 голови во дресот на „кариоките“, рекорд кој веројатно ќе го подобри за уште некој гол во следните неколку години.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе