Ракомет Спорт

Првиот трофеј во новата сезона за Вардар

Ракометарите на Вардар го освоија трофејот во Супер купот на Македонија откако во дуелот против Еурофарм Пелистер успеаа да забележат победа од 30:26.

Црвено-црните и со подмладен состав во однос на претходната сезона одиграа одличен натпревар и на крајот сосема заслужено успеаа да триумфираат.

Дуелот на вечните ривали во најголемиот дел беше рамноправен, ниту еден од противниците немаше поголема предност од два погодоци, а првиот дел заврши со по 13 гола на двете страни.

Идентична беше ситуацијата и во продолжението на средбата. Во завршните 10 минути Вардар влезе со водство од 25:25 и го одржуваше се до самиот финиш кога поведе со 28:25, а до крајот предноста се зголеми за еден погодок за конечни 30:26.

Најефикасен во составот на Вардар беше Срдановиќ со осум погодоци од кои шест беа од линијата од седум метри, Петриќ седум пати се запиша меѓу стрелците додека на спротивната страна Радивојевиќ постигна седум гола.

ФОТО: РФМ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе