Одбојка Спорт

Одбојкарите подготвени за новиот предизвик на ЕП

Одбојкарската репрезентација на Македонија попладнево од 17 часот во арената Борис Трајковски против селекцијата на Холандија ќе го одигра четвртиот натпревар на Европското првенство.

По соочувањето со Полска, составот предводен од селекторот Јошко Миленковски го очекува нов предизвик и соочување со уште еден фаворит за највисок пласман.

Холандија е селекција која во минатото долго време владееше во европската и светската одбојка и на овој шампионат има амбиција да се врати во самиот врв.

Екипата ја предводи Намир Абдул Азиз кој за многумина е еден од најдобрите играчи на позицијата коректор го има статусот на фаворит, но нашите репрезентативци најавуваат дека ќе дадат се од себе да направат изненадување и да се реваншираат за поразот од пред две години.

“Холандија е фаворит, но ние не сме без шанси. Кога можеме со Полска да играме еден сет до 21-21, зошто да не можеме посериозно да им парираме на ривалите. Тие имаат само еден играч од највисока класа, коректорот Азиз, на Полска сите одбојкари им се од таа топ-класа. Бодрени од публиката во една одлична атмосфера како против Црна Гора, зошто да не го изненадиме фаворитот бидејќи знаеме да играме одлично кога сме без притисок. Остваривме успех со ова четврто место и пласманот во следната фаза, но зошто да не ги поместиме повторно границите, да стигнеме до второ или трето место”, изјави Александар Љафтов.

Натпреварот се игра во арената Борис Трајковски и почнува во 17 часот.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Историски триумф на Тиквеш во Купот на Македонија

Дејан Дејан

Бостон со победа против Индијана го отвори финалето на Истокот

Дејан Дејан

Милевски повика 27 фудбалери за пријателските со Хрватска и Чешка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе