Спорт Фудбал

Алчевски: Доколку функционираме како тим, можеме да направиме изненадување

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година ги почна подготовките за почетокот на новиот циклус на квалификации за претстојното Европското првенство.

На стартот нашата селекција ќе се соочи со двата фаворити за највисок пласман Шведска и Холандија, но во редовите на македонската репрезентација веруваат дека може да се направи изненадување.

“Изминатиов период имавме можност да одиграме голем број на контролни натпревари што ни беа од голема корист за подобрување на нашата игра. Генерално сум задоволен од тоа што го прикажавме на овие натпревари против силни репрезентации. Но квалификацискиот циклус е нешто сосема поразлично и поважно. Треба сите максимално да ја оправдаме довербата која ни беше дадена од селекторот и неговиот стручен тим. Мислам дека треба, а и редно време е повторно да ја израдуваме нашата нација со добри игри, позитивни резултати и пласман на уште едно големо натпреварување. Свесни сме сите дека нема воопшто да биде лесно против Шведска, но искрено верувам дека се ќе зависи од самите нас, нашиот пристап кон натпреварот. Доколку истрчаме на терен со ладни глави, ако функционираме како еден тим, се бориме за секоја топка на теренот и ги слушаме инструкциите на стручниот тим, сигурен сум дека можеме да се вратиме во Скопје со сите три освоени бода”, изјави голманот Марко Алчевски

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе