Спорт Фудбал

Македонија ги почнува подготовките за дуелите со Италија и Малта

Македонската фудбалска репрезентација денеска го има првиот собир пред претстојните два натпревари со Италија и Малта во рамки на квалификациите за Европското првенство во 2024 година во Германија. На нашиот тим му следуваат два големи испити на карактерот и квалитетот особено по очајните натпревари во јунскиот квалификациски циклус.

Во таборот на македонската фудбалска репрезентација за кратко исчезна идиличната атмосфера која траеше некаде до финалниот бараж натпревар со Португалија за пласман на Светското првенство во Катар. Лошиот настап во Лигата на нации најави дека работите не одат во вистинска насока во тимот, а последните два натпревари од евроквалификациите со Украина во Скопје и дебаклот од 7-0 против Англија на „Олд Трафорд“ целосно ги отвори раните.

Капитенот Стефан Ристовски јавно се повлече од репрезентацијата поради несогласувања со селекторот Благоја Милевски. Нашиот предводник ја прифати одлуката на дефанзивецот и откри дека имал состанок со Ристовски во Загреб. Сепак таа средба не ги изглади односите, па капитенот не е во тимот за дуелот со Италија на 9.септември во Скопје и против Малта на гостински терен три дена подоцна.

„Аѕурите“ ќе дојдат во Скопје со нов селектор во името на Лучијано Спалети и мотивирани да ни се одмаздат за болната елиминација во баражот за Мундијалот среде Палермо. Македонија мора да биде подготвена да одговори, бидејќи уште еден лош резултат ќе не врати во црните денови на македонскиот фудбал, кога трибините на нашиот најголем стадион во Скопје беа празни, а националниот тим служеше за потсмев во јавноста и за билдање на бодовното конто на противниците.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе