Спорт Фудбал

Семејството Глејзер не го продава Манчестер Јунајтед

Во време кога се очекуваше конечно објавување на одлуката за тоа кој ќе биде новиот сопственик на Манчестер Јунајтед, медиумите во Велика Британија најавуваат нов пресврт во сагата за продажбата на клубот од Олд Трафорд.

Семејството Глејзер наводно денеска го стопирал целиот процес кој трае веќе неколку месеци со надеж дека наместо сегашните шест милијарди фунти клубот во 2025 година ќе може да го продадат за сума од 10 милијарди.

Акциите на клубот ќе се повлечат од пазарот, а како главна причина за ваквата одлука се наведува фактот дека во следниве 24 месеци вредноста драстично ќе се зголеми и тоа како последица на зголемувањето на цената на ТВ правата, но и поголем приход од маркетинг.

Ваквата проценка се базира на фактот дека во за две години Манчестер Јунајтед може да биде дел од Светското клупско првенство, а се очекуваат и далеку подобри резултати во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Како најсериозни кандидати за преземање на клубот се сметаа шеикот Јасим бин Хамад Ал Тани од Катар и британскиот милијардер Џим Ретклиф.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Расел славеше во Австрија, Антонели останува лидер во Формула 1

Sportska Redakcija

 Огура испиша историја во Асен, Мартин нов лидер во Мото ГП

Sportska Redakcija

Ивановски поразен во финалето на М25 турнирот во Загреб

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе