Македонската машка одбојкарска репрезентација го забележа првиот пораз на Европското првенство што се одржува во Скопје.
Нашата селекција во соочувањето со Полска е совладана со 3:0, но избраниците на селекторот Јошко Миленковски пружија достоен отпор во мечот репрезентацијата која важи за еден од фаворитите за златниот медал.
Македонските одбојкари одлично го одиграа вториот сет во кој беа рамноправен противник, но на крајот Полјаците го решија во своја полза со 25:21, а во првиот славеа со 25:12.
И во третиот сет доминираше нашиот противник кој на крајот до победата стигна откако славеше со 25:14.
За нашите репрезентативци следува заслужен одмор од еден ден, а веќе во вторник не очекува соочувањето со уште еден фаворизиран противник, Холандија, а натпреварот во арената Борис Трајковски почнува во 17 часот.
ФОТО: Игор Паневски