Одбојка Спорт

Одбојкарите на чекор до осминафинале, потребна е победа против Црна Гора

Македонската машка одбојкарска репрезентација вечерва од 20 часот го игра решавачкиот натпревар за пласман во осминафиналето од Европското првенство.

По стартниот триумф над Данска во средата, вечерва избраниците на селекторот Јошко Миленковски атакуваат на нова победа со која ќе обезбедиме историски пласман меѓу шеснаесетте најдобри селекции на Стариот континент.

Нашиот денешен противник во првото коло за противник го имаше фаворитот за освојување на едно од првите две места во групата Холандија и беше совладан со 3:0, но потврди дека станува збор за квалитетен состав кој во тој натпревар пружи силен отпор.

Сепак македонските одбојкари играат најдобро кога е најпотребно и поддржани од трибините може да стигнат до посакуваниот успех.

Во соочувањата со Црна Гора имаме позитивен скор, во четири дуели забележани се три победи, а последниот пред две години заврши во наша полза со 3:0.

Натпреварот се игра во арената Борис Трајковски и почнува во 20 часот.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Голем шок во Доха: Сабаленка испадна во 2.коло, елиминирани и Гоф и Женг (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Џонсон и Шифрин донесоа славје за САД во женската комбинација на СП 2025 (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Нова битка на титаните во ЛШ: Манчестер сити го пречекува Реал Мадрид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе