Спорт Фудбал

Миовски со Абердин ќе гостува во Солун

Денеска со жрепка беа одредени групите во третото по ранг европско клупско натпреварување, Лигата на Конференции на УЕФА.

Абердин на Бојан Миовски ќе биде дел од Г конкуренцијата во која ќе партиципираат уште Ајнтрахт Франкфурт, ПАОК и ХЈК во чиј состав е и нашиот голман Дејан Илиев, но тој поради повреда ќе паузира на подолг рок.

Стефан Ристовски со загрепски Динамо ќе настапи во Ц групата заедно со Викторија Плзен, Астана и Балкани.

Спартак Трнава на Милан Ристовски се наоѓа во Х групата каде се уште Фенербахче, Лудогорец и Нордсјеланд.

Исландскиот претставник Брејдаблик, кој го елиминираше првакот на Македонија, Струга ТЛ во дебито на големата европска сцена се најде во А конкуренцијата каде ќе настапат уште Гент, Макаби Тел Авив и Зорја.

 

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА НА УЕФА

А ГРУПА : Лил, Слован Братислава, Олимпија Љубљана, Клаксивк

Б ГРУПА: Гент, Макаби Тел Авив, Зорја, Брејдаблик

Ц ГРУПА: Динамо Загреб, Викторија Плзен, Астана, Балкани

Д ГРУПА: Бриж, Бодо/Глимт, Бешикташ, Лугано

Е ГРУПА: АЗ Алкмар, Астон Вила, Легија, Зрињски

Ф ГРУПА: Ференцварош, Фиорентина, Генк, Чукарички

Г ГРУПА: Ајнтрахт, ПАОК, ХЈК, Абердин

Х ГРУПА: Фенербахче, Лудогорец, Спартак Трнава, Нордсјеланд

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе