Одбојка Спорт

Миленковски: Извонредна победа, не чека клучниот дуел со Црна Гора

Со победата против Данска, македонската машка одбојкарска репрезентација го направи првиот чекор кон реализација на примарната цел, а тоа е пласман во елиминациската рунда од Европското првенство.

Селекторот на националниот тим Јошко Миленковски свесен дека не чека уште еден огромен предизвик потенцираше дека нема место за еуфорија и дека сега е потребен целосен фокус на саботниот дуел со Црна Гора,

“Свесни сме дека победивме еден тежок натпревар пред кој носевме притисок затоа што сакавме победа. А, јас знам, дека тие натпревари се секогаш најтешки за играње. Секој поен беше возбудлив, секој поен беше под притисок, но тоа не е ништо чудно затоа што беше натпревар со големи емоции. На крај извонредна победа, заслужена до крај, иако имавме и некои грешки кои ќе мора да ги корегираме, грешки кои обично никогаш не ги правиме. Но, тоа е цената на тој мал притисок. Ова беше еден навистина возбудлив натпревар, но молам без еуфорија. Затоа што не чека еден клучен натпревар против Црна Гора. Ние имаме своја цел и мора да ја реализираме. А ќе ја реализираме само со смиреност и трпение”, рече Миленковски.

Што се однесува до следниот натпревар тој истакна:

“Црна Гора можеме да ја добиеме и ќе ја анализираме добро. Тие ќе играат полетно, млада селекција се, и тоа може да биде опасно за нас исто како што е опасна еуфоријата. Затоа мора да се спуштиме на земја, да одмори, добро да ги анализираме и да одиграме повторно на ниво”, заврши македонскиот селектор.

Натпреварот против Црна Гора го играме в сабота со почеток од 20 часот.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе