Одбојка Спорт

Одбојкарите вечерва на контрола со Израел во Кавадарци

Македонските одбојкари ги продолжуваат подготовките за Европското првенство на кое сме ко-домаќини.  Националниот тим во следните неколку денови ќе одигра три игра пријателски во салата „Јасмин“ во Кавадарци.

Избраниците на селекторот Јошко Миленковски по контролата со Романија и победата од 3-1 во неделата, денеска ќе се соочат со Израел во Кавадарци. Во петок противник ќе ни биде репрезентацијата на Јапонија, додека во недела ќе одиграме уште еднаш со Израел, а сите дуели ќе играме со почеток од 20 часот.

Подготвителниот период ќе продолжи со натпреварите на традиционалниот меморијален турнир Чајка од 18-ти до 20-ти август, на кој освен нашата репрезентација ќе настапат и селекциите на Грција и Египет.

Тоа воедно ќе биде и последната контрола на формата за Македонија пред почетокот на Европското првенство.
Прв противник на Македонија на континенатниот турнир во Скопје ќе биде Данска на 30 август, потоа на 2 септември играме со Црна Гора, ден подоцна со Полска, па следуваат и дуели со Холандија и Чешка на петти, односно шести септември.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе