Спорт Фудбал

Катастрофа за Реал Мадрид: Куртоа ја пропушта сезоната

Реал Мадрид речиси цела сезона ќе биде без својот прв голман Тибо Куртоа, кој на тренинг заработил тешка повреда. „Кралскиот“ клуб информираше дека Белгиецот ги скинал предните вкрстени лигаменти на левото колено и го очекува долга пауза од шест до девет месеци.

Ова е сериозен проблем за тренерот Карло Анчелоти, кој во ростерот како резервен голман го има Андреј Лунин. Низ шпанските медиуми веднаш се појавија шпекулации дека Реал Мадрид ќе почне преговори со Давид де Хеа, кој е слободен агент откако си замине од Манчестер јунајтед. Уште една опција за голот на Реал е и Иго Љорис, кој летово побара да си замине од Тотнем.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиоли сигурно добива отказ: Милан назначува поранешен играч на кормилото

Desk

Холанѓанец ќе го наследи Јирген Клоп на клупата на Ливерпул

Desk

ПСЖ е подготвен да плати 200 милиони евра за тинејџер на Барселона

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе