Спорт Фудбал

Соборен првиот рекорд на Мундијалот во Австралија и Нов Зеланд

Пред комплетирањето на осминафиналните дуели организаторот на Светското првенство во фудбал во женска конкуренција соопшти дека е соборен рекордот по бројот на гледачи во историјата на шампионатите.

Рекордот е поставен по соочувањето меѓу Шведска и САД кое го следеа 27.706 посетители со што е достигната вкупна бројка од едем милион 367.037 гледачи.

Досегашниот рекорд беше во сопственост на Канада која беше организатор на Светскиот куп во 2015 година кога на сите натпревари беа регистрирани 1.353.506 посетители.

Натпреварите на првенството во Австралија и Нов Зеланд во просек го следат 26.289 гледачи и оваа бројка сигурно ќе биде надмината со оглед на фактот дека за последните 12 натпревари веќе нема влезници и се очекува драстично зголемување на рекордот.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Расел славеше во Австрија, Антонели останува лидер во Формула 1

Sportska Redakcija

 Огура испиша историја во Асен, Мартин нов лидер во Мото ГП

Sportska Redakcija

Ивановски поразен во финалето на М25 турнирот во Загреб

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе