Кошарка Спорт

Познати сите учесници во квалификациите за Евробаскет 2025

По одигрувањето на натпреварите од претквалификациите познати се сите селекции кои ќе се борат за настап на Европското првенство во кошарка што ќе се одржи во 2025 година.

Македонија својата задача ја исполни во претходниот круг на претквалификации и сега се подготвува за првиот круг од квалификациите за Олимписките игри.

Во конкуренција за жрепката што ќе се одржи во вторник во Минхен, а почетокот е закажан за 11 часот и 30 минути се и домаќините на завршниот турнир Кипар, Финска, Полска и Летонија кои веќе имаат обезбедено директен пласман.

Преку последниот круг на претквалификации учество обезбедија Хрватска, Бугарија и Словачка.

А претходно покрај Македонија во конкуренција се Белгија, Босна и Херцеговина, Чешка, Естонија, Франција, Грузија, Германија, Велика Британија, Грција, Унгарија, Летонија, Литванија, Црна Гора, Холандија, Португалија, Исланд, Србија, Словенија, Шпанија, Шведска, Турција и Украина.

Триесет и двете репрезентации ќе бидат поделени во осум групи по четири тима, а учество на континенталниот шампионат обезбедуваат трите најдобри пласирани од секоја конкуренција.

Распоредот по квалитативни садови ќе биде објавен утре.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе