Спорт Фудбал

Ал Ахли на Алиоски не застанува со засилувањата од Европа

Ал Ахли од Саудиска Арабија летово направи неколку големи трансфери и во своите редови ги доведе Роберто Фирмино, Ријад Марез, Едуард Менди и Алан сен Максиман, но нема да застане тука.

Тимот за кој игра и македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски е на чекор да го ангажира и Роџер Ибањез од Рома, кој веќе ги договори личните услови, а следна трансфер-цел е Пјотр Зјелински.

Ал Ахли веќе испратил понуда до Наполи за Полјакот, кој има уште една година од договорот. Зјелински сериозно ја разгледува понудата од Саудиска Арабија, бидејќи и натаму не може да се договори за продолжување на соработката со италијанскиот шампион.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Арсенал го продава Габриел Жесус, прави место за ѕвезда од Серија А

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе