Вести Македонија Топ вести

Јаков Стобиски: Законите се чудовишен конструкт, отвораат можност секој ден да излегуваат разноразни родови, а невладините се платеници

Верските заедници на една, граѓанските активисти на друга страна. Од МПЦ велат – ќе се протестира и не против некого туку против злото и опасноста од законските решенија. Законите се прават за да се сузбие дискриминацијата, во тоа се уверени надлежните. Но, јавните дебати никого не разубедија и бариерите останаа. МПЦ вчера повика на протест, а денес ги бранеа своите ставови пред камерите на медиумите. Епископот Јаков Стобиски порача дека верските заедници се толерантни спрема маргинализираните и ги нарече „платеници“ невладините организации.

Ако има два пола, има два рода. Овие закони нѝ носат еден чудовишен конструкт, можност, отвораат Пандорина кутија секој ден да излегуваат разноразни родови и секој да биде што ќе посака. На парадирањата коишто тие ги прават се едни исти луѓе. Воопшто не мислам на ЛГБТ луѓето со поинаква сексуална ориентација, туку на невладините организации коишто се платени под плаштот на борба за човекови права едноставно да го оковаат нашето општество во своевиден тоталитаризам, порача епископот стобиски.

Ова е најголема закана за општеството – ваков е цврстиот став на црквата. Запрашан за други актуелни работи, како што е земјиштето на МПЦ во центарот на градот кај „Холидеј Ин“, епископот Јаков Стобиски само кратко одговори.

Јас немам овластување, ова е прес на Синодот и очекувавме вакви прашања, но нема да одговараме на прашања коишто не се поврзани со тоа што е најголема закана за нашето општество, рече епископот.

Во владејачката СДСМ на синоќешниот Извршен одбор било отворено прашањето за предлог-законските решенија, односно Законите за родова еднаквост и за матична евиденција. Владата го повлекла предлог-законот за матична евиденција од собраниска процедура во март лани за да се направат дополнителни консултации и јавни дебати. Исто така, на партиско ниво се согласиле дека консултативниот процес за Законот за родова еднаквост треба да продолжи и да се прошири јавната дебата, пред законот да влезе во владина и собраниска процедура. Собранискиот спикер само кратко се осврна на овие предлог-законски решенија.

До мене се пристигнати Предлог-законите. Досега стојат Предлог-законите. Во меѓувреме, кога и да има поинакво барање, соодветно ќе се постапи, рече Џафери.

Граѓанските активисти и невладините уште при повикот за сенароден протест, остро и одговорија на црквата. Долги години се водат административни и бирократски битки за унапредување на правата на маргинализираните. Со последните обиди, МПЦ прави противуставни работи и се меша во работата на државните институции, порачаа од Коалиција „Маргини“.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе