Вести Економија

Вработените во УЈП се заканија дека ќе ја блокираат исплатат на платите во државата

Повисоки плати  и нов колективен договор или над 1.000 вработени во УЈП одат на генерален штрајк. Вакво предупредување дадоа  работниците кои денеска повторно излегоа на предупредувачи протест  пред зградата на  министертвото за финансии.  Револтирани се затоа што министерот Бесими, не става потпиш на колективниот  догвоор кои заедно со него  го скроиле. Тврдат дека во преговорите тие дури и се откажале од некои свој права.  Документот го пратиле до финансии, но е  нејасно е зошто Бесими  не го потпишува.

Во процедурите и во постапувањето со финансии можам најодговорно  да ве информирм, се дојде до содржина која што со нашите отстапки беше прифатена за сите страни.  Се сметаше дека работата е  завршена,  но за жал согласно  правилникот немаме соглансност  со која  би се  ставил  колективниот договор  во примена, изјави Васе Недановски- претседател на синдикална организација Солидарност 

Од УЈП повеќе од еден час чекаа прием кај Бесими, но тоа не се случи. Предупредуваат дека ако не исполни договреното ќе бидат приморани да одат на генерален штрајк со целонса блокада на нивната работа, а тоа ќе значи колапс за целата држава.

 

Тоа значи штрајк со целосно неизвршување на работните задачи на вработените во УЈП и ако бидеме приморани тој штрајк ќе биде од такви размери. Доколку дојде до поголеми облици на протести,  мислам дека сите треба да бидеме свесни ќе бидат загрозени витални функции во општеството, а ние не сакаме да дојде до тоа, вели Недановски. 

Од финансии пак преку соопштение објаснуваат дека веќе  се преговара за Oпшт колективен договор и нема простор за поединечни решенија, пред тој да биде потпишан.

Во услови кога се очекува да се воспостави вакво системско решение, а за кое се водат веќе разговори во Економско-социјалниот совет, секое поединечно решение, пред финализирање на овие два акта,  ќе биде нарушување на воспоставувањето на таквиот систем и постигнување на крајната цел. Очекуваме дека преговорите во ЕСС ќе продолжат и дека наскоро заеднички ќе се дојде до одржливо решение прифатливо за сите страни.

Незадоволството кај  вработените  излезе откако миниетерот  Бесими ги зголеми платите на вработените во своите редови и тоа за околу 30 отсто, но не и на другите органи кои се под ова министерство.  Објансувањето тогаш беше дека платите во финансии морало да пораснат затоа што луѓето од таму си заминувале. Пред извесно време вработнеите во УЈП излегоа на предупредувачки протест, пред управите во повеќе градови во земјава.

Ирена Чачкова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе