Вести Економија Топ вести

Тендерот на  ЕВН Хоум привршува, ЕСМ се уште калкулира, премиерот ветува- ценовен шок нема да има

На една недела пред да заврши тендерот на ЕВН Хоум, на кој треба да се достави новата цена за струјата, ЕСМ се уште ги нема доставено своите пресметки до Владата, која пак треба да пресече по која цена државните електрани ќе ја продаваат својата струја, во следните 6 месеци.

Претходно од ЕСМ соопштија дека анализите се прават и истите до Владата ќе бидат испорачани на 6 јуни. Од тоа каква ќе биде цената на ЕСМ, најмногу ќе зависи какви сметки за струја  ќе плаќаат граѓаните до крајот на годинава.

Премиерот Ковачевски,  откако ги испраша новинарите, кој од кој медиум доаѓа, вети дека нема да дозволи ценовен шок- субвенциите за електрична енергија ќе продолжат и оваа година.

Според информациите на  Телма, анализите на ЕСМ покажуваат дека со цена од околу 70 евра за мегават час, компанијата нема да работи ниту со добивка, ниту за загуба, туку ќе биде на нула.

Во моментов мегават час на ЕСМ е 56 евра. Дали Владата ќе оди под овој износ или пак ќе го зголеми,  ќе с еодлучува откако ќе се погледнат пресметките кои кои државните електрани треба да ги достават.

Во меѓувреме РКЕ ги разгледува пресметките на енергетките компании,  кои ги доставија до комисијата.

Она што се знае  е дека МЕМО бара зголемување од 80, а Електродистрибуција  над 30  проценти. МЕПСО  пак бара зголемување на цената за својата услуга од над 50 отсто.

Со она што ќе биде прифатено од нивните барања, заедно со понудата на ЕСМ на тендерот на ЕВН Хоум ќе се формира новата цена на струјата која ќе важи од први јули.

Се уште се разгледува  и во кој период од денот  повторно ќе се користи  евтината дневна  струја. Планот е да биде два часа, а цената би била поника од онаа во првиот блок,  односно од 7, 41 денар за киловат.

Но, од друга страна граѓаните  ќе добијат повисоко ДДВ за елеткрична енергија. Од сегашните 10, треба да скокне на 18 отсто.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе