Вести Економија Топ вести

Како бизнис секторот да ја преброди кризата со недостаток на работна сила и иселување на младите

Некои компании ќе ги зголемат платите на работниците, некои ќе  запират со инвестиционите активности, а трети ќе интервенираат и со  меѓу решение, ова се трите оппции за бизнис секторот да ја преброди кризата со недостаток на работна сила, иселувањето на младите од земјава, смета првиот човек на Стопанската комора на Република Северна Македонија, Бранко Азески.

Во земјава има увоз на странска работна сила, и се издаваат дозволи, но постапката за македонските компании е сложена.

Смета дека бизнис секторот се снаоѓа во вакви лоши ситуации и е оптимист дека и ова ќе го изменаџираат. Се согласува дека е потребна дебата на оваа тема, со сите чинители во земјава. Според Азески најдобро е да се подигне стандардот на граѓаните во земјава и да се вратат оние коишто се иселиле или заминале на привремена работа во странство, бидејќи земјава има добар кадар, кој треба да си го искористи за своите потреби. Тој денеска потпиша документ за соработка со штипскиот  Универзитет „Гоце Делчев“.

Викторија Јованова Димитровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе