Вести Економија Топ вести

Азески: Посебни таблички за службените возила кои се користат за прељуба, да се укинат управните одбори, а државата да се тргне од бизнисот

Посебни таблички за службените возила, бара првиот човек на најголемата комора во земјава Азески,  затоа што се злоупотребуваат.  Во своето месечно обраќање во комората тој истакна дека овие возила за време на викенд се користат за недозволиви активности.

Ќе воведат посебни таблици за служебви возила,  тие ви се наоѓаат во сабота и недела по нивите, по швалерај, по не знам каде, по недозволиви активности, вели Бранко Азески, претседател на Стопанска комора 

Бара и укинување на управните одбори во државните институции и да се редуцираат останатите државни органи и тела, чија бројка надминала 1.300. Смета дека на тој начин би се заштедиле доста пари, кои би се искористиле за зголемување на извозот.

Од парите што ќе се заштедат од укинување на сите управни одбори, од тие пари зошто не знам зошто се управни одбори во државни претпијатија, за оџата да го ставаат внатре и сите тие надоместоци, ќе ги редуцираш државните органи и тела кои во моментов се над 1.320 и уште 129 вработени во нив. Ќе си ги смалиш и ќе направиш наместо политичка, економска дипломатија, додаде Азески.

Упати и силни критики за владините политики. Побара државата да не се меша затоа што со постојаното наметнување на одредени мерки, задира во самостојноста на бизнисот. Бара и одговорност од функционерите. Вели стопанството трпи, бидејки сите економски политики се врзуваат за избори кои најчесто се вонредни, и постојано сме во  кампања.

Државата  во оделни сектори се чуствува како во конфорна зона и е тргната од проблемите, дури и да им кажеш дека ќе падне атомска бомба ќе ви одговорат дека и во Нагасаки падна и во Хирошима, па ништо, рече Азески.

Азески со порака и до европските лидери. Ако сакаат да ни помогнат нека го сторат тоа, но да не не понижуваат, во спротивно ќе треба да се бара друго решение.

Ирена Чачкова 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе