Вести Економија Топ вести

Германските инвеститори незадоволни од борбата со корупцијата, правната сигурност и администрацијата

Во зимскиот период  во Скопје не се дише,  покомплицираните здрвствени проблеми тешко се решаваат, а родителите се не сигурни дека образованието ќе даде резултати кај нивните деца. Заменикот на германскиот амбасадор, Ото Граф, смета дека токму загаденоста на животната средина, здравството, ниските плати, но и  образованието  се едни од главните причини поради кои луѓето од тука си заминуваат. Вели дека интерeсот за  работа во Германија не само од земјава, туку од целиот регион е голем. Но, сугерира дека проблемот со иселувањето мора и може да се реши,  затоа што има доста фими кои сакаат да прават бизнис тука и бараат кадар.

  • Сметам дека платите не се во најдобар ред и иднината  на семејството како ќе изгледа образованието  на нивните  деца, затоа многу гледаат можност во странство. Друго здравственото осигурување, ако имате некои покомплицирана болест околностите не се добри и како што ги посакуваме. Загадувањето на животната средина, во типичен зимски ден,  не се дише во Скопје, вели, Ото Граф, заменик амбасадор на Германија

Германските фирми пак, кои веќе работата во земјава, не ја оценуваат најдобро економската состојба тука. Како најголеми ризици ги посочуваат цените на енергенсите, недостатокот на работна сила. Поголем дел не очекуваат некое подобрување, а само 9 отсто сметаат дека работата ќе оди на подобро. Сепак, се изјасниле дека повторно би инвестирале.

  • Исто така тие се  уште се незадоволни  во однос  на справувањето на корупцијата и правната сигруност. 71 отсто од испитаниците сметаат  дека еден од ризиците се зголемените цени на енергенсите, но и правната сигурност, политичките рамковни услови, вели Антје Ванделт, директор на Делегација на германско стопанство.

Сметаат дека е во ред платите да растат.  Велат земјава се стреми кон ЕУ и затоа македонските примања  мора полека да се приближуваат  кои оние во Европа. Но, предупредуваат дека платата мора да се заработи,  односно паралено со зголемувањето да се подобрува и продуктивноста.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе