Вести Македонија Најважни

(Видео) Полиција во Судски совет: Членови се сомневале дека некој им влегува по канцеларии

Духовите во судскиот совет не се смируваат, а хармонијата минатата недела ја нарушиле полициски инспектори повикани од специјално формирана комисија на советот за да утврдат дали се точни сомнежите на еден член дека некој му претура по канцеларијата. Претседателот на советот Сашко Георгиев тврди дека по претставката за корупција ротив врховен судија и член на советот е постапено длабински, но истрагата е префрлена на обвинителството. Телма веќе двапати објави дека анонимката за корупција на високопозиционирани судии била архивирана затоа што судот сметал дека нема јавен интерес.

Полициски инспектори ги проверувале камерите во судски совет бидејќи член на оваа највисока судска институција се сомневал дека некој му влегува во канцеларијата и му претура по работите. Претседателот на советот потврди дека имало таква полициска акција во судскиот совет во петокот, но засега не се соопштува дали нешто е откриено.

Георгиев одговори и дека претставката против негова колешка е разгледана и во неа имало изнесени сомнежи за корупција односно дека таа со нејзин близок член во комисијата за прием во Академијата за судии и обвинители определувала кои кандидати ќе бидат примени.

За тоа што претставката била архивирана во судскиот совет, а потоа препратена во обвинителство, Георгиев тврди дека е редовна процедура за такви претставки со сериозни наводи за корупција на судии.

Во истата претставка имало пријава и за врховен судија кој е од Штип за земање на мито за да помогне во решавање на граѓански и кривични предмети.

КОД на Телма уште минатата недела објави дека Судскиот совет ја архивирал претставката бидејќи била анонимна и проценил дека не е од јавен интерес.

Но претставката е пратена прво во обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција каде сметале дека не се надлежни и ја препратиле во скопско обвинителство.

Дел од наводите не биле за кривично гонење, а дел од наводите се префрлени во веќе активна истрага на скопското обвинителство. Најсериозниот дел, за мито и поткуп извршен од двајцата пријавени судии засега не е никаде бидејќи три месеци Вишото обвинителство не одлучува по предлогот на колегите од Скопско, тој дел да се врати на тимот на Ислам Абази во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе