Вести Економија Најважни

Договорот со „Бехтел и Енка“ на биро кај Антикорупционерите

Антикорупциската Комисија го доби договорот на Владата со „Бехтел и Енка“ за изградба на Коридорите 8 и 10 д. Корупционерите го побараа договорот откако отворија предмет поврзан со изборот на фирми за надзор и бидејќи ги исполнуваа условите кои ги намента Владата со класификацијата затоа што сите членови имаат највисок степен на безбедносни сертификати.

Според претседателката на Антикорупциска на предметот работи тим, предметот има приоритет и станува збор за обемна документација која веќе се проверува.

Министерот за економија Крешник Бектеши  ги повика и Антоикорупционерите и Обвинителството да бидат експедитивни и што е можно побрзо да излезат со своите надои. Тој е дециден дека законите во Собрание ќе бидат изгласани а реализацијата на проектот и изградбата на Коридорите 8 и 10д се министерот веќе завршена работа.

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, во интервју за МИА кажа дека компанијата „Бехтел“ работѕи транспарентно и според законите и ја обвини опозицијата дека критикува во отсуство на факти за да добие политички поени. Од ВМРО-ДПМНЕ пак одговорија дека го ценат ставот на амбасадорката Агелер и начинот на кој ги штити интересите на САД и повторно побараа договорот да биде јавно објавен во насока на транспарентноста и владеењето на правото.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски во посета на штабот на Вреди – со Таравари разговарале за агенда и принципи за можно коалицирање

Дејан Дејан

Бегалците од кондовската група упасени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе