Вести Економија

Покрај граѓанска, Министерството за финансии ќе издаде и развојна зелена обврзница

Министерот за финансии планира слендиот месец да издаде граѓанска обврзница со рок од две години.

Каматната стапка на овој инстумент се уште  не е дефинирана, но ќе биде повисока од депозитите во банките, а пониска од онаа на еврообврзницата на меѓународните пазари.

Новиот инстурмент според Бесими ќе им овозможи на граѓаните со парите кои ги заштедиле да купуваат обврзница од минимум 10 илјади денари, а потоа тие средства ќе се искористат за инвестиции.

Со тоа вели дека  граѓаните кои имаат заштети ќе добијат повеќе отколку да ги чуваат парите во банка. И тој има дилема дали да купува поради конфликт на интереси.

Но, за тоа ќе ја контактирал антикорупциската комисија. Сепак, смета дека премиерот и другите министри можат да купуваат.

Бесими очекува од овој инстумент да има прилив од околу 50 милиони евра. Тој нагласи дека покрај граѓанска, во план е Министретвото е да издаде и развојна зелена обврзница.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бегалците од кондовската група упасени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе