Автомобил со скопски таблички попладнево предизвика незгода на најголемиот скопски булевар Партизански одреди во близина на Универзалната сала.
Автомобилот се движел во правец кон Центар и излетал од булеварот при што разнел два од новите коспки пластични контејнери. На лице место имаше расфрлано ѓубре на тротоарот, додека полицајците вршеа увид.
Претходно, автомобилот удрил во столпчињата кои го „бранат“ тротоарот и пешаците од автомобилите и откорнал неколку од нив.

Од полицијата одговорија:
Денеска во 13.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.“Партизански одреди“, патничко возило “сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки удрило во контејнер и столбчиња. До овој момент нема пријава за повредени лица. Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот.
