Вести Македонија Топ вести

Министерот Спасовски го потпишал решението за прекин на работа на станицата „Виа Комерц“ три дена по несреќата во која загинаа 45 луѓе во Бугарија

Освен притисоците и заканите за предметот за Рашковски, други проблеми немала поранешната шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Вилма Русковска. Таа во интервју во Топ Тема вели дека сепак останале отворени предистраги, за кои веќе имало набавено многу докази.

Една од нив е за станицата за технички преглед „Виа Комерц“ за автобусот на Беса Транс, во кој во сообраќајна несреќа во Бугарија загинаа 45 македонски граѓани. Според Русковска, комисијата во МВР уште во јули донела решение станицата за технички преглед „Виа Комерц“ да биде затворена, но министерот не го потпишал тоа решение.

  • Решението требал да го потпише министерот, но тој го потпишал 3 дена после случувањето на сообраќајната несреќа, а законска обврска е да се потпише во рок од 15 дена, а потпишано е по повеќе од 3 месеци од донесеното решение, вели Русоковска.

Јовески е првиот човек на кого Муареми му се јавил за време на претресот, вели Русковска

Русковска додава дека предметот бил во поодмината фаза со насобрани докази, но не можела да го доврши.

  • Ако работи таа станица, работи незаконски затоа што Град Скопје им го има одземено сообраќајното решение.

Предметот е пренесен на друг обвинител, но до каде е сега, Русковска вели дека не знае.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе